Историја во Лондон: Двајца атлетичари го завршија маратонот за помалку од 2 часа!
Кениецот ја заврши трката со време од 1:59.30, што е една минута побрзо од легендарниот Келвин Киптум, кој во 2023 година имаше време од 2.00.35.
Елиуд Кипчоге во 2019 година успеа да ја пробие границата од два часа, но неговиот резултат не беше признат како официјален рекорд.
Импресивен е податокот дека уште еден атлетичар заврши со време под два часа, а тоа е Јомиф Кејелча кој заврши втор со време од 1:59.41.
Фото: EPA