Фудбалер на Ајакс ја зеде топката на центар и постигна - магичен погодок (ВИДЕО)

Екипата на Ајакс забележа сигурна победа на гостувањето кај Бреда (2-0) во меч од 31. коло од холандската Ередивизија, но натпреварот остана во сенка на спектакуларниот погодок на Мика Годтс, кој постигна еден од најубавите голови сезонава.

Во центарот на вниманието се најде токму младиот Белгиец, кој изведе акција за паметење што започна речиси од средината на теренот. По преземањето на топката, Годтс тргна во соло-продор без двоумење, покажувајќи извонредна самодоверба. Тој, во стилот на Лионел Меси, со серија дриблинзи ги надмудри противничките фудбалери, користејќи брзина, одлична контрола на топката и прецизни движења.

 

 

Кога се доближи до голот, наместо да асистира, реши сам да ја заврши акцијата. Со силен и прецизен удар ја затресе мрежата, крунисувајќи ја акцијата со погодок што веќе се смета за еден од најатрактивните оваа сезона.