„Вујо мајсторе“ повторно ќе работи како селектор

Легендарниот Веселин Вујовиќ повторно ќе ја предводи ракометната репрезентација на Катар.

Тој отпатувал во Доха каде што ќе ја преземе селекцијата што ја водеше во периодот 2024/2025 година и со која учествуваше на Светското првенство во Хрватска во 2025 година. На тој турнир, Катар заврши на 21. место. Шпанецот Валеро Ривера се врати како замена за Вујовиќ кон средината на минатата година, но очигледно е дека второто место на Азиското првенство и поразот во финалето од Бахреин, по шест последователни златни медали на континенталното натпреварување, не ги задоволи Катарцит

Договорот меѓу Вујовиќ и Катар важи за Светското првенство во 2027 година, кое ќе се одржи во Германија. Вујовиќ ги предводеше селекциите на Иран, Словенија, Србија и Црна Гора и со нив учествуваше на Светски првенства.

Својот последен клупски ангажман, Вујовиќ го имаше пред две години во Нексе, но епизодата во таборот на клубот од Нашице беше краткотрајна.