Барса по седум години го победи Гетафе, шампион може да стане идната недела (ВИДЕО)

Првпат по 2019 година, Барселона успеа да го совлада Гетафе на Колисеум откако попладнево славеше со 2-0 на едно од најтешките гостувања во Ла Лига.

На сите фудбалери на Барса им беше јасно колку тежок натпревар ги очекува, но одигра извонредно смирено и дојдоа до посакуваниот триумф, користејќи го со тоа вчершниот кикс на Реал на гостувањето кај Бетис. Пред истекот на првото полувреме погоди Фермин Лопез, а во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Рашфорд, па не се почувствува неиграњето на Ламин Јамал кој поради повреда нема да игра до крајот на сезоната.

Со оваа победа, Барселона му побегна на Реал на 11 бода и теоретски, може веќе идниот викенд да ја освои шампионската титула. За да се случи треба в сабота да победи на гостувањето кај Осасуна, а следниот ден Реал да не го победи Еспањол, исто така на гостински терен.

Ако се случи тоа, Барса ќе ја обезбеди титулата на една недела пред Ел Класико кое е на програмата на 10 мај на Камп Ноу.

Standings provided by Sofascore