Левандовски ги пакува куферите и се сели во Англија!?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има договор со Барселона до крајот на сезоната, а по сè изгледа дека истиот нема да биде продолжен и затоа искусниот фудбалер ги разгледува неговите опции за кариерата.

Шпанските медиуми пишуваат дека англискиот гигант Манчестер јунајтед покажал голем интерес за Левандовски, кој треба да го пренесе своето искуство на помладите фудбалери како Бенјамин Шешко.

Левандовски има 37 години, но и покрај тоа игра одлично на теренот, а тоа го покажува и статистиката, односно 17 постигнати голови на 40 настапи.