Мурињо има клаузула која му го отвора патот кон Реал Мадрид!?
Во изминатите денови се појавија шпекулации дека Мурињо му се понудил на „кралскиот клуб“, а во договорот има клаузула која му го отвора патот кон Мадрид.
Португалскиот стратег има клаузула според која би можел да ја напушти Бенфика во рок од 10 денови по последниот натпревар од сезоната, што значи дека Реал мора брзо да реагира.
Мурињо веќе ги тренираше „кралевите“ во кариерата, и тоа во период од 2010 до 2013 година.
Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica