Кадетите и кадетките до втора победа, Грузија беше прегазена

Машката и женската ракометна репрезентација на Македонија славеа нови убедливи победи на Светското ракометно училично првенство кое се одржува во Скопје.

И девојките и момците се соочија со селекциите на Грузија кои по квалитет беа далеку под нашето ниво.

Избраниците на Горан Кузманоски славеа со 46-13, а победата беше најавена од самиот почеток, нашите ракометари доминираа во текот на целиот натпревар и на паузата водеа со 23-6.

Утре во борбата за полуфинале ги чека нов предизвик и тоа против Република Српска, натпреварот е закажан од 10:30 часот.

Женската репрезентација беше подобар со сличен резултат 45-13 и така обезбеди место во четвртфиналето, утре исто така од 10:30 ќе го играат последниот натпревар од групната фаза против Словачка.