Шок во Хрватска: Еден од најдобрите го пропушта Мундијалот!?

Јошко Гвардиол нема да се врати во тимот на Манчестер Сити до крајот на тековната сезона во Премиер лигата, пишуваат денеска британските медиуми.

Хрватскиот репрезентативен дефанзивец е надвор од терените од јануари, кога заработи фрактура на тибијата на десната нога. По повредата, Гвардиол беше опериран, имаше надежи дека ќе може да се приклучи на тренинзите на тимот пред крајот на сезоната, но сега е поизвесно дека ќе биде целосно подготвен дури за претсезонските подготовки. Затоа, неговото враќање во дресот на Сити се очекува на почетокот на новата сезона 2026/2027.

До моментот на повредата, Гвардиол одигра 23 натпревари за Сити во сите натпреварувања. Постигна два гола и запиша пет асистенции, а неговиот клуб, со серија добри резултати, целосно се врати во трката за титулата и сега е на чело на табелата на англиската Премиер лига.

Датумот на неговото закрепнување е исто така исклучително важен за хрватската репрезентација и нејзините настапи на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. Хрватска е во групата Л, заедно со Англија, Панама и Гана. Како што стојат работите сега, многу е поголема веројатноста Гвардиол да го пропушти Светското првенство.