Симеоне не памти ваков дебакл откако е тренер на Атлетико (ВИДЕО)
Во возбудлив трилер на гостувањето кај Елче, Атлетико доживеа пораз со 2-3, а играше со играч помалку од еден час, поради исклучувањето на Тијаго Алмада во 30. минута. Два гола на Нико Гонзалез не беа доволни за гостинскиот тим, кој претходно ги загуби дуелите со Реал Мадрид, Барселона и Севиља.
Херој на победата на Елче беше Андре Силва, поранешен португалски репрезентативец и играч на Милан и Порто, кој прво постигна гол од пенал за да го израмни резултатот на 2-2, а во 75. минута, со вториот гол на натпреварот, му донесе триумф на домашниот тим, исклучително важен во борбата за опстанок.
Претходниот негативен рекорд на Симеоне на клупата на Атлетико беше во сезоната 2021/22, кога претрпе три последователни порази во домашното првенство. Заедно со поразот во финалето од Купот, се заканува одличната сезоната да прерасне во дебакл, ако не се избори за трофеј во Лигата на шампионите.