ПСЖ не греши двапати - повторно им избега на ривалите (ВИДЕО)
Избраниците на Луис Енрике се опоравија од неодамнешниот пораз од Лион (1-2) на домашен терен и повторно направија значителна предност на врвот на табелата. Тие сега имаат 66 бода, четири повеќе од второпласираниот Ленс, против кого исто така имаат одложен натпревар и треба да го одиграат во мај.
„Светците“ поведоа рано, во 13. минута со голот на Хвича Кварацхелија од пенал, а Дезире Дуе ја зголеми предноста во 37. Конечниот резултат го постави Кварацхелија во 50. минута, овој пат од игра, по додавање од Усман Дембеле.
„Канаринците“ остануваат претпоследни на табелата со 20 бода, пет помалку од Оксер, кој е на место кое води во плејофот за опстанок.