Росениор експресно може да добие отказ, Челси подготвува кризно решение
Позицијата на Розениор е под сериозен притисок по катастрофалната серија резултати, а управата на клубот наводно веќе разгледува краткорочни решенија.
Притисокот врз тренерот дополнително се зголеми по тешкиот пораз од 3-0 на гостувањето кај Брајтон во вторникот вечерта. Тоа беше петти последователен првенствен пораз на Челси без постигнат гол, серија каква што клубот не забележал од 1912 година.
Розениор досега го водеше тимот на 23 натпревари во сите натпреварувања и има 10 порази. По поразот од Брајтон, Челси се наоѓа на седмото место на табелата и го очекува тешка битка во преостанатите четири кола за пласман во европските натпреварувања.
Наводно, Бехдад Егбали, заменик-претседател на мнозинскиот сопственик на Челси побарал од раководството, предводено од спортските директори Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли, да изработат краткорочен кризен план.
Сепак, можно е Розениор да добие шанса да го води тимот во полуфиналето на ФА Купот овој викенд, но во клубот се свесни дека проектот е во клучна фаза и дека мора да се донесат важни одлуки.