Охрид денеска против Силекс на клупа имаше 64-годишен голман! (ФОТО)
Ваквата ситуација веројатно беше збунувачка и за луѓето кои работат во најпознатата апликација за резултати „Флешскор“. Имено, на профилот на голманот на Охрид стоеше дека тој има речиси двојно помалку години, односно 33.
Исто така, иако кога се читаат составите на првата страница е забележан како голман, сепак кога ќе се отвори неговиот профил стои и дека е фудбалер од средниот ред што беше уште една погрешна инфомација.

Според неговиот профил на „Трансфермаркт“, Буџакоски бил на клупата и во дуелите од купот минатата година против Брера и Шкупи.
