ЕХФ го менува системот: Нови правила за европските купови од 2026/27
Извршниот комитет дискутираше за барањата за Лигата на шампиони (ЛШ) кои пристигнуваат преку националните федерации, односно лигите, но и за двете места кои може да бидат доделени од ЕХФ преку вајлд-карта.
На состанокот биле одобрени следните промени:
„Победникот на Лигата на шампиони за мажи 2025/26 има право да учествува во следната сезона од Лигата на шампиони, дури и ако клубот не се квалификува преку домашната лига.
Победникот на ЕХФ Европската лига за мажи 2025/26, дури и ако клубот не се квалификува преку домашната лига, има право да учествува во следната сезона од Лигата на шампиони за мажи, под услов победникот на Лигата на шампиони за мажи во 2025/26 да е или од друга национална федерација, или да заврши на прво или второ место во конечниот пласман во својата домашна лига“, се вели во соопштението на ЕХФ.
Извршниот комитет исто така одобри дополнителни предлози поврзани со клупските натпреварувања за следната сезона и се однесуваат на административното уредување на правилата за следната сезона.
Новиот ранкинг во машки и женски ракомет ќе ги зема во предвид резултатите на клубовите во Европа во последните три сезони, при што ќе се одредува за тоа кои тимови ќе бидат носители во ждрепката.
Одобрен беше предлог кој на ЕХФ му овозможува да направи исклучок од правилото за доцна пријава на ракометар и да дозволи играчи да настапуваат за друг тим во истата фаза од натпреварување под специфични околности, како на пример повлекување на екипа од натпреварувањето.
Извршниот комитет донесе мерка и според која клубовите кои нема да ја завршат сезоната во европските натпреварувања од било која причина, ќе ги загубат правата на исплати, како и враќање на средства од заштитните фондови, уплати или други средства.
Исто така, во Лигата на шампиони ќе се применува правилото „заштита на држава“, односно клубови од иста земја нема да бидат ставени во иста група за време на таа фаза од натпреварување.
Фото:Facebook/EHF Champions League