Вујовиќ пред роденденскиот спектакл: Вардар е најголемиот клуб кој го дала Македонија (ВИДЕО)
По тој повод на црвено-црните навивачите им се обрати легендарниотВеселин Вујовиќ, поранешен тренер на вардарци и миленик на Комити. Тој преку видео-порака упати повик до сите симпатизери да бидат дел од прославата.
„Ве повикувам да дојдете на натпреварот Вардар – Алкалоид. Тоа е меч на кој ќе се одбележат 65 години од основањето на клубот – најголемиот клуб што го дала Македонија. Ги повикувам сите навивачи, сите Комити и сите љубители на ракометот за заедно да го прославиме 65. роденден“, порача Вујовиќ.
Натпреварот се игра во „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот, додека час и половина пред стартот на средбата на платото пред арената ќе биде организирана фан-зона со активности за посетителите, поддржана од спонзорите на клубот.