Бизарно на „Бернабе“: Винисиус се извинуваше, а Мбапе - побегна (ВИДЕО)
Уште пред почетокот можеше да се почувствува лошата атмосфера на „Бернабе“ бидејќи навивачите ги исвиркаа своите фудбалери при претставувањето, а тоа продолжи и додека траеше натпреварот. Винисиус беше жестоко исвиркуван при речиси секој контакт со топката, на Мбапе му аплаудираа кога ја губеше, а малкумина беа оние кои се радуваа на постигнатите голови, токму од овие двајца фудбалери.
Бразилецот го постигна вториот гол и веднаш потоа гестикулираше како да им се извинува на навивачите иако не беше јасно која е причината за тоа – дали неговото поранешно однесување, елиминацијата од ЛШ или фактот што Реал е многу блиску да остане без трофеј оваа сезона.
Веднаш штом главниот судија означи крај на мечот, повторно тргнаа жестоки свирежи од трибините, а тоа очигледно му пречеше на Мбапе кој веднаш замина во соблекувална, без да им отпоздрави. Французинот е навикнат на ваква атмосфера бидејќи и додека играше во ПСЖ можеше да го почувствува гневот на навивачите при елиминациите од Лигата на шампионите иако тој тогаш главно беше насочен кон Нејмар и Меси.