Соиграч на Дончиќ од Лејкерс ќе игра за Словенија!

Џексон Хејс, центарот на Лос Анџелес Лејкерс, доби словенечки пасош и ќе може да настапи на Светското првенство во кошарка кое се игра наредната година.

Кошаркарот од „Градот на ангелите“ потврди дека го добил пасошот, а најголем „виновник“ за тоа бил Лука Дончиќ.

„Го добив пасошот. Лука цело време ме вика мојот словенечки брат“, изјави Хејс.

На прашањето дали знае некој збор на словенечки, тој беше директен:

„Не знам… всушност знам некои, но не можам да ги кажам пред вас.“

Хејс е осми пик на драфтот од 2019 година, а оваа сезона во просек бележи 7,5 поени и 4,5 скокови за 18,3 минути игра.

Со ова се продолжува традицијата американски кошаркари да настапуваат за Словенија. Дресот на оваа земја претходно го носеа Мајк Тоби и Ентони Рендолф, а во селекцијата сè уште е активен центарот Џош Нибо.