Ал Хилал пред дебакл, Инзаги пред отказ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги најверојатно ќе добие отказ од Ал Хилал на крајот од сезоната, освен ако не успее да направи чудо во финишот.

Иако го има најскапиот тим во саудиската лига, тој испушти седум бода предност и во моментов има осум негатива во однос на Ал Наср со еден натпревар помалку. Точно е дека Ал Хилал е непоразен оваа сезона, но има дури осум нерешени резултати на што се должи заостанувањето во однос на најголемиот ривал за трофејот.

До крајот на првенството има уште пет кола (за Ал Хилал шест натпревари) и ако не се случи сензација, „сините“ нема да се закитат со нов трофеј. Врз Инзаги веќе почна притисокот од навивачите и тој по се изгледа ќе си замине по само една сезона на клупата.