Барбарез: Македонија има искусна репрезентација и знае што прави!
Барбарез на теренот излезе во комбиниран состав, а за Македонија кажа дека има искусна репрезентација и им посака среќа на Гоце Седлоски и избраниците во понатамошните предизвици.
„Не можете никого да потцените. Се гледа дека Македонија има искусна репрезентација и знае што прави. Се надевам дека ќе продолжат по својот пат, имаат нов селектор, неколку нови играчи. Не е лесно и едноставно по крај на сезона. Им ја посакувам цела среќа на светот да имаат успешна приказна“, кажа Барбарез.
Македонија на 1 јуни ја чека пријателски меч против Турција, додека БиХ заминува на Мундијалот.
Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine