Стив Кер ги напушта Вориорс - крај на една ера!?

Еден од најуспешните тренери во историјата на НБА, Стив Кер летово ќе го напушти Голден Стејт Вориорс, тврдат американските медиуми.

Кер полека сфаќа дека е дојден крај на циклусот и не постојат пари што ќе го задржат на клупата. Наводно, тој веќе разговарал со менаџментот на клубот и го поделил своето мислење дека Вориорс треба да се свртат кон иднината имајќи предвид дека носителите на тимот се длабоко навлезени во четвртата деценија од животот.

Вориорс се единствен тим во тренерската кариера на Стив Кер, нивен предводник беше од 2014 година и освои четири шампионски титули. Во 2016 година беше прогласен за тренер на годината, а потоа избран во топ-15 тренери на сите времиња во НБА лигата.

Сезонава Голден Стејт испадна од Феникс во плејинот, а се очекува во текот на летото да има и големи играчки промени.