Крос збесна по прашањата за Реал Мадрид: Нема повеќе да одговарам!
За време на доделување на спортските награди „Лауреус“, Германецот кажа дека не планира да ја промени својата одлука и да ја прекине пензијата, иако имаше различни шпекулации во медиумите.
Во разговор со новинарите, Крос се изнервира и даде јасен одговор со кој стави точка на сите шпекулации за враќање во Мадрид.
„Нема повеќе да одговарам на прашања за Реал Мадрид“, кажа Крос.
Германецот го носеше дресот на „кралевите“ од 2014 до 2024 година, по што реши да се повлече од терените.