Богдановиќ ќе игра во „црно-бел“ дрес и ќе заработува 2,3 милиони долари по сезона!
Според нив, капитенот на Србија по завршувањето на сезоната би можел да го напушти тимот на ЛА Клиперс и да потпише договор со Бешикташ, вреден околу 2,3 милиони долари по сезона. Клучна улога во евентуалниот трансфер има тренерот Душан Алимпијевиќ, кој истовремено е и српски селектор, а договорот наводно би бил на две години, со опција за уште една. Истанбулскиот тим моментално е во подем и се подготвува за историско финале во Еврокупот против Бурж, со можност да обезбеди пласман во Евролига.
Богдановиќ сезонава не беше во прв план кај тренерот Тајрон Лу во Лос Анџелес Клиперс, но клубот до 26 јуни има опција да ја активира клаузулата за продолжување на договорот, со што би му обезбедил плата од 16 милиони долари за уште една сезона. Постоеше и можност за нов четиригодишен договор вреден 100 милиони долари, но таа опција, според најавите, нема да се реализира.
Доколку Клиперс не ја активираат опцијата, Богдановиќ ќе стане неограничено слободен агент од 1 јули и ќе може да преговара со било кој клуб, што би ја отворило вратата за негов трансфер во Истанбул. Во изминатиот период се споменуваше и интерес од Партизан, но според актуелните информации, Бешикташ е најконкретен. Богдановиќ по настапите за Партизан и Фенербахче, во 2017 година замина во НБА, каде настапуваше за Сакраменто Кингс, Атланта Хокс и ЛА Клиперс.