Хаос во Парагвај: Полицијата со гумени куршуми ги бркаше хулиганите (ВИДЕО)

Во дербито за титулата во Парагвај се соочија Олимпија и Серо Портењо, но натпреварот беше прекинат поради хаос на трибините.

Инцидентот се случи на трибините, каде што навивачите се судрија со полицијата, која потоа реши да искористи и гумени куршуми за да ги избрка хулиганите.

Според првичните информации, полицијата привела околу 100 навивачи, а безбедносните служби потврдија дека се повредени најмалку шест полициски службеници.