МВР го потврди нападот врз играчите на Струга, ФФМ го суспендира стадионот на Башкими!
Според полицијата, по завршувањето на средбата на стадионот Башкими во Куманово, настанала расправија помеѓу сопственикот на домашниот клуб и лице од гостинската екипа. Дополнително, на паркинг просторот неколку лица со тврди предмети го оштетиле автобусот кој ги превезувал фудбалерите на Струга, што само ја потврдува сериозноста на ситуацијата. Од МВР информираат дека едно лице е приведено и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.
Со реакција се јавија и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот на Башкими во Куманово до конечна разрешница на случајот. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида (претседател на клубот) се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ. ФФМ истовремено најостро ги осудува сите форми на насилство и недолично однесување и ќе продолжи доследно да ги применува прописите со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и безбедноста на сите учесници. Целата реакција на Куќата на фудбалот прочитајте ја ТУКА.