Maлус издоминира во Струмица, собра две признанија!

Ракометарите на Вардар со победа над Охрид го освоија 18-титот трофеј во купот на Македонија, а еден од најзаслужните беше Јака Малус.

Малус ги собра двете признанија за најдобар стрелец на турнирот, но и признанието за најдобар ракометар на завршниот турнир. Одличен беше Малус и во финалето кое го заврши со осум постигнати погодоци.

Голманот на Вардар, Валах, иако блескаше во битката за трофејот во завршните минути, сепак на крајот за најдобар голман беше избран чуварот на мрежата на Охрид, Пилиповиќ.

За Охрид учеството во ова финале беше прво во клупската историја.