Донарума ептен се посрамоти во мечот на сезоната за Манчестер сити (ВИДЕО)

Манчестер сити и Арсенал во моментов го играат натпреварот кој би можел да реши многу работи околу новиот шампион во Премиер лигата, кој засега е во сенка на големата грешка на голманот на домашните, Џанлуиџи Донарума.

Сити поведе во 16. минута со феноменален погодок на Рајан Черки, но само две минути подоцна следуваше израмнување по катастрофална реакција на италијанскиот чувар на мрежата. По повратна топка кон него, Италијанецот лошо интервенираше, што му овозможи на Каи Хаверц да погоди за 1-1.

Арсенал влезе во дербито со шест бода предност пред Сити, но и со натпревар повеќе, што дополнително ја зголемуваше важноста на пресметката во битката за титулата.