Ван Дајк во стотата минута го спаси Слот и на Ливерпул му осигура - настап во ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул со гол во 11. минута од судиското надополнување го совлада Евертон (2-1) и речиси сигурно обезбеди пласман на едно од местата што водат во Лигата на шампионите (ЛШ) следната сезона.

Актуелниот англиски првак сега е петти, последна позиција што води во најелитното натпреварување, со 55 бодови, дури седум повеќе од најблиските конкуренти што е огромна предност со оглед што до крајот има само уште пет кола. Градското дерби, иначе, почна со поништен гол за Евертон по ВАР, а две минути подоцна следуваше казна – Мохамед Салах донесе водство за „црвените“ (0-1). Бето во вториот дел израмни на 1-1, а Ливерпул имаше проблеми и поради повредата на голманот Гиорги Мамардашвили. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, во 101. минута капитенот Вирџил Ван Дајк со гол со глава по корнер донесе огромна победа.

Во уште еден драматичен меч, Астон Вила го совлада Сандерленд (4-3) и исто така обезбеди место во ЛШ со оглед што сега има 58 бодови. Херој беше Тами Абрахам, кој погоди во 93. минута за три бода. Претходно двоен стрелец беше Оли Воткинс, а за Вила погоди и Роџерс. Нотингем Форест, пак, ја продолжи серијата без пораз со победа над Барнли (3-1). Херој беше Морган Гибс-Вајт, кој постигна хет-трик во второто полувреме и му донесе важни бодови.