Струга со „покер голови“ како гостин го растури Башкими (ВИДЕО)
Домашните подобро го отворија натпреварот и создадоа неколку шанси преку Алими, Ор и Аворнио, но не успеаја да го искористат почетниот притисок. Им беше поништен и гол поради офсајд. Клучниот момент се случи во 37. минута, кога Хасан доби црвен картон, по што Башкими остана со играч помалку. Струга тоа го искористи во финишот на првото полувреме, кога Исуфу Компаоре со глава донесе водство за гостите по асистенција на Воша.
Стружани во финишот од вториот дел целосно го скршија отпорот. Компаоре постигна уште еден гол, а потоа стрелаа и Христијан Малески и Бојан Илиевски. Струга сега има 59 бодови, седум повеќе од четвртопласираниот Силекс, а осум помалку од втората Шкендија.