Камавинга плачел по црвениот картон - не можеле да го смират!
Исклучувањето на Французинот се покажа како клучно на натпреварот, многумина сметаат и дека тоа е пресудно за елиминацијата на Реал Мадрид.
Шпанските медиуми пишуваат дека по црвениот картон, Камавинга долго плачел во соблекувалната. Кога соиграчите виделе во каква состојба е Французинот, само молчеле и му давале поддршка, било многу тивко во соблекувалната.
Камавинга бил свесен дека неговиот потег бил пресуден за поразот, и знае дека шансите во клуб како Реал Мадрид не се бесконечни, па се верува дека тој ќе замине во летниот преоден рок.
Неговите соиграчи застанале на негова страна во овој најтежок момент за него откако е во Реал Мадрид. Но, Камавинга плачел до долго во ноќта.
Било болно за сите да гледаат како еден од најсреќните фудбалери во составот, е во тешка агонија по поразот.