Сензација во Германија: Eлиминиран европскиот шампион!

Една од најголемите сензации во поновата историја на ракометот се случи вчера во полуфиналето од германскиот куп, каде Бергишер го шокираше моќниот Магдебург и го елиминираше од натпреварувањето.

Во преполната сала во Келн, пред речиси 20.000 гледачи, аутсајдерот по изведување на седмерци славеше со 31-30 и така ги урна соништата актуелниот европски шампион за тројна круна. По 60 минути игра резултатот беше израмнет 22-22, а победник немаше ниту по продолженијата кои завршија 27-27.

Одлуката на крајот падна по изведувањето на седмерци, каде второлигашот покажа повеќе смиреност и приреди вистинска сензација.

Магдебург кој е водечки тим во Бундес лигата и еден од главните фаворити за титулата во Германија и во Лигата на шампионите, имаше сè во свои раце, но во текот на натпреварот промаши неколку клучни седмерци, што на крајот се покажа како клучно.

Од друга странаа оваа победа за Бергишер е најголемиот успех во клупската историја.