Лејкерс во големи проблеми: Познато е кога се враќа Дончиќ

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе се врати на паркетот на 1 мај, објави „ЕСПН“, а тоа значи дека ќе пропушти неколку дуели од првото коло од плејофот со Хјустон рокетс.

Дончиќ нема да настапи на дуелите од 19 до 25 април против Хјустон, а првите шпекулации беа дека ќе заигра во четвртиот меч на тимовите. Сепак, „ЕСПН“ пишува дека се очекува негово враќање во евентуален шести натпревар доколку изборат клубовите.

Лејкерс се соочува со сериозни проблеми поради тоа што не може да смета ниту на Остин Ривс, кој исто така е планирано да се врати на 1 мај.