„Со оваа тактика Барса никогаш нема да освои Лига на шампиони“

Легендарниот германски фудбалер и поранешен играч Тони Крос ја искритикува тактиката на неговиот сонародник, Ханси Флик велејќи дека така Барселона никогаш не може да стане шампион на Барселона.

Каталонскиот клуб последен пат ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2014/15, а Тони Крос смета дека ја знае причината зошто и денеска не може да бидат конкурентни во најголемото европско натпреварување.

„Барселона никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите ако не престанат да оставаат голем простор зад нивната дефанзива“, рече Крос.

Познато е дека Флик сака да игра со висока одбрана која остава голем простор зад голманот. Вообичаено ги ловат противниците во офсајд замка, но не секогаш е тоа успешно.