Тежок пораз на Ѓорческа во Порторож, освои само два гема!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа многу убедлив пораз во осминафиналето на турнирот во Порторож, Словенија, беше поразена од Украинката, Катарина Заватска.

Ѓорческа играше против тенисерка која е точно 60 позиции послаба од неа, но и покрај тоа загуби убедливо.

Лина во првиот сет освои два гема, а во вториот ниту еден. Заватска го доби мечот со 6-2 и 6-0.