Камавинга се огласи по црвениот картон против Баерн

Францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга се oгласи по елиминацијата на Реал Мадрид од Лига на шампиони, каде што токму тој се најде во центарот на вниманието како еден од трагичарите.

„Кралевите“ по поразот од Баерн Минхен во првиот четвртфинален меч во Мадрид (1-2), беа на чекор до подвиг во реваншот во Минхен, каде водеа со 3-2 сè до 86. минута. Токму тогаш Камавинга доби втор жолт картон, што автоматски значеше исклучување, а до крајот Баерн направи целосен пресврт и уште еднаш салвеше со 4-3.

„Ја преземам одговорноста за мојот дел. Сакам да му се извинам на тимот и на навивачите Ви благодарам за поддршката, да живее Реал Мадрид“, порача Камавинга.

Неговото исклучување предизвика бурни реакции во јавноста. Дел од фановите вината ја лоцираа кај него, додека други остро го критикуваа судијата Славко Винчиќ, оценувајќи дека одлуката била престрога.

Французинот во 86. минута направи прекршок, а потоа не ја врати топката на местото, туку ја оттурна неколку метри, по што словенечкиот арбитар му покажа втор жолт картон, односно црвен.