Шахтер е прв полуфиналист во Конференциската лига
Првото полувреме помина без погодоци, но Алисон во 58. минута стрелаше за предност од 1-0 на Шахтер.
Холандскиот тим го засили темпото и набрзо направи пресврт со головите на Јенсен и Син (2-1), но Шахтер во 83. минута преку Лука Меирелеш ги постави конечните 2-2.
Украинската екипа во полуфинале ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Кристал Палас и Фиорентина.
Фото: Facebook/FC SHAKHTAR