Чеферин од ФФМ доби на подарок - македонски шарпланинец! (ВИДЕО)

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин денеска пристигна во посета на Македонија, а притоа доби пријатно изненадување од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Чеферин пристигна на покана на првиот човек на македонскиот фудбал Масар Омерагиќ, а притоа на подарок си доби и македонски шарпланинец.

Згора на ова, лично од првиот човек на македонскиот фудбал, Чеферин доби подарок - уметничка слика од Лазар Личеноски.