Фоторепортер преживеал хорор во Минхен: Навивачи газеа по мене, останав без свест!

Големото славје на Баерн Минхен по победата од 4-3 против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ) можеше да заврши со трагедија, откако фоторепортерот Каи Оливер Фафенбах завршил на подот, а врз него газеле навивачи.

Фафенбах открива дека навивачите го газеле под јужната трибина, а во еден момент останал и без свест.

„Ме прегазија навивачи под јужната трибина, останав без свест“. По четвртиот гол на Баерн се случи хаос. Сè ме боли. Уште не сум проверил дали опремата ми е оштетена“, вели тој.