Младите фудбалерки загубија од Австрија на турнирот во Шкотска

Македонската женска репрезентација до 19 години беше поразена од Австрија со 0-5 во третото коло од квалификацискиот турнир во Шкотска.

Спин во 35. минута го отвори резултатот и донесе предност за Австрија, додека во вториот дел стрелаа Осл, Легер и два пати Хербст за конечни 5-0.

Македонските фудбалерки претходно загубија со 0-3 од Норвешка и 0-9 од Шкотска.