Драма во С. Арабија: На Роналдо му се слошило, морале да реагираат и докторите на Ал Наср!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо морал да биде повлечен од игра во финишот на мечот меѓу Ал Наср и Ал Итифак (1-0), откако му се слошило на теренот.

Роналдо имал сериозни здравствени проблеми на полувремето на натпреварот, а тренерот Жорж Жесус открива дека Португалецот повраќал по дуелот, а морале да интервенираат и доктори од екипата.

„Кристијано не требаше да биде на теренот по полувремето. Имаше проблеми со стомакот. Кога го заменив, тој замина во соблекувална, каде што повраќаше“, открива тренерот.

Засега нема повеќе детали за здравствената состојба на португалскиот репрезентативец.

Фото: AlNassr Saudi/Facebook