Пелистер потпиша со словенечки ракометар од Партизан
Котар играше во Тримо Требње, како и Словељ Градец, по што во последните две сезони го носи дресот на Партизан.
Пелистер го закажа официјалното претставување на Котар во јули, и тоа на почетокот на подготовките за идната сезона.
Битолчани соопштија дека на оваа позиција планираат да донесат уште еден ракометар, но засега не откриваат повеќе детали.