Барселона се жалеше поради судиите, УЕФА ѝ даде одговор пред мечот со Атлетико

Атлетико Мадрид вечерва ќе ја пречека Барселона на „Ванда Метрополитано“ во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реагираше на жалбите на каталонскиот гигант.

При водство од 2-0 на Атлетико во првиот натпревар, избраниците на Диего Симеоне изведуваа гол-аут, а притоа дефанзивец на екипата ја запре топката со рака и потоа тој го изведе прекинот. Барселона смета дека судијата направил грешка и требало арбитарот да покаже на белата точка, но УЕФА донесе одлука дека немало неправилности.

„Барселона поднесе приговор на судиските одлуки во првиот натпревар. Дисциплинската комисија утврди дека немало никакви неправилности“, соопшти УЕФА.

Реваншот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид се игра вечерва од 21 часот.

Фото: Facebook/Atlético de Madrid