„Сонуваше како дете, мислеше како научник, сакаше како поет и судеше како чесен судија!“

Во Собрание на град Белград се одржа комеморација за легендарниот тренер Душко Вујошевиќ, кој почина на 8 април на 68-годишна возраст.

Најтрофејниот стратег во историјата на КК Партизан беше испратен со едноминутно молчење, а на почетокот говор одржа актерот Андрија Кузмановиќ. Присутните имаа можност да погледнат и видео со најважните моменти од неговата кариера. На комеморацијата присуствуваа бројни имиња од спортот и јавниот живот, меѓу кои Жељко Обрадовиќ, Предраг Даниловиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Жарко Паспаѓ, Зоран Савиќ и многу други. Прв се обрати поетот Синан Гуџевиќ, кој истакна дека Вујошевиќ „по националност бил партизанец“ и дека неговото име е неразделно од клубот. Писателката Вида Огњеновиќ откри дека Вујошевиќ бил страствен љубител на литературата со библиотека од над 7.000 книги.

„Беше бура од добрина. Со него станувавме посилни, подобри луѓе“, порача таа.

Новинарот Пеца Поповиќ го опиша како интелектуалец кој не создавал само играчи, туку и луѓе:

„Сонуваше како дете, мислеше како научник, сакаше како поет. Кај него, кошарката беше дел од поширокото воспитување и градење карактер.“

Во име на Кошаркарски сојуз на Србија говореше Ненад Крстиќ, кој истакна дека наследството на Вујошевиќ е во генерациите играчи што ги создаде. Претседателот на Партизан, пак, Остоја Мијаиловиќ, емотивно се збогува.

„Не заминува само тренер, туку човек кој обликуваше генерации. Нè научи дека Партизан е карактер, борба и достоинство.“

Опелото ќе се одржи во црквата „Свети Никола“ на Новите гробишта во Белград, по што Вујошевиќ ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани. Деталните изјави од комеморацијата прочитајте ги ТУКА.