Барса се жали до УЕФА: Флик збесна поради должината на тревата на стадионот на Атлетико!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изразил незадоволство од состојбата на тревникот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, во пресрет на денешниот реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (21 часот).

За време на тренингот, германскиот стратег лично излегол на терен, внимателно ја проверувал тревата, нејзината висина и условите за игра, по што изразил сомнеж дека подлогата е идеална. Според шпанските медиуми, Флик сметал дека тревата е подолга од оптималното ниво за стилот на игра на каталонскиот клуб. Подолгата трева ја забавува топката, што не одговара на препознатливата брза игра на Барселона, која се темели на брзо движење и кратки додавања.

Поради сето ова, германскиот стратег се обратил до официјалните лица на УЕФА, барајќи реакција и проверка на условите на стадионот. Според правилата, висината на тревата не смее да надмине три сантиметри и мора да биде рамномерна на целиот терен. Од Атлетико Мадрид одговориле дека теренот е целосно во согласност со пропишаните стандарди и дека истите услови се користат во текот на целата сезона. Официјалниоте лица потврдиле дека, доколку има потреба, ќе изврши дополнителна контрола за да се осигура дека сè е во рамки на правилата.

Исто така, УЕФА има контрола и врз наводнувањето на теренот, вклучително и количината на вода и времето на полевање пред натпреварот, кое може да се изведе и непосредно пред почетокот, но само со согласност на двата тима. Барселона е во тешка ситуација бидејќи ќе се обиде да ја надополни негативата од 0-2 од првиот натпревар, во еден од најинтересните дуели од четвртфиналето во елитното натпреварување.

ФОТО: EPA PHOTO