Премиерлигаш го сака Ноер - веќе му понудил договор!
И покрај тоа што има 40 години, Ноер и натаму брани на врвно ниво, а интерес за неговите услуги веќе покажале неколку клубови. Најконкретен според информациите е Брајтон, кој наводно и веќе му понудил договор.
Англиските медиуми наведуваат дека зад оваа идеја стои тренерот Фабијан Хирцелер, кој инсистира на ангажман на искусниот голман. Неговиот договор со Баерн истекува во јуни, а евентуален трансфер во Англија би бил голем чекор надвор од неговата досегашна кариера во Германија.
Брајтон е познат по офанзивниот стил на игра и модерниот пристап, а раководството смета дека присуството на Ноер би донело дополнителна стабилност и лидерство во соблекувалната.
Во наредниот период се очекува Ноер и управата на Баерн да седнат на преговарачка маса и да ја разјаснат неговата иднина. Сепак, конечната одлука ќе ја донесе самиот голман.
Реално, не е исклучено тој и да стави крај на кариерата доколку не се договори со Баерн, бидејќи тешко е да се очекува дека во овие години би се одлучил за преселба надвор од Германија, особено во клуб како Брајтон.