Aнчелоти на Мундијалот летово може да оди и со 41-годишен ветеран
Анчелоти неодамна порача дека нема да гледа кој фудбалер колку години има, ако тој игра на највисоко ниво.
„Никогаш не гледам датум на раѓање. Секој бразилски играч кој ќе го заслужи тоа може да се надева на повик за Светското првенство. Ако биде доволно добар, ќе биде на списокот, без разлика на годините. Погледнете го Паоло Малдини, кој на речиси 39 години ја освои Лигата на шампионите или Лука Модриќ, кој и денес игра на 40 години“, изјави Анчелоти.
Самиот Силва не ја крие својата желба да биде во составот.
„Да се збогувам како светски шампион со Бразил? Не ме повикуваат од Светското првенство 2022, но никогаш не мислев дека тоа е невозможно. Анчелоти знае дека може да смета на мене. Стојам на располагање“, изјави Силва.
На претстојното Светско првенство Бразил игра во група со Мароко, Шкотска и Хаити.