Дебакл: Шкотска им даде девет гола на фудбалерките до 19 години!

Фудбалерките до 19 години претрпеа вистински дебакл во натпреварот против Шкотска во второто коло од квалификациите за Европското првенство.

Шкотска беше пресилна и на македонските млади фудбалери им даде дури девет гола. Натпреварот беше решен веќе во првото полувреме кога постигнаа пет погодоци. Немаа милост ниту во вториот дел кога нашата мрежа се тресеше уште четири пати.

За Македонија ова е втор пораз по стартниот од Норвешка со 3-0, квалификациите ги завршуваме против Австрија и тој дуел ќе биде само со цел да се поправи впечатокот и за нас нема да има никакво резултатско значење.