Евра уште го болат поразите од Барса: Не сте тимот од 2015 година и не можете до пресврт
Атлетико Мадрид во првиот натпревар на „Камп Ноу“ ја совлада Барселона со 2-0, а поранешниот француски репрезентативец смета дека Каталонците не се способни за пресврт.
„Во Барселона мора да се разбудат и да се соочат со реалноста. Време е да бидат малку скромни и да се спуштат на земја. Ова не е Барселона од 2015 година, тој тим повеќе не постои. Ги гледаме од тогаш како често разочаруваат на големата сцена, затоа сметам дека не се во состојба да направат голем пресврт“, смета Евра.
Исто така Евра нагласи и дека ќе навива за Атлетико на утрешниот натпревар.
„Верувам во Диего Симеоне и неговите играчи. Тие се борци, добро се подготвени и верувам дека ќе го завршат ова. На навивачите на Барселона им порачувам да бидат мирни и да молчат, Европа е друга приказна, повеќе не сте кралеви. Го сакам овој спорт, но повеќе ја сакам вистината“, порача Евра.
Евра во својата кариера дури трипати загуби во финале на Лигата на шампионите токму против Барселона, двапати во дресот на Манчестер Јунајтед и еднаш како играч на Јувентус.