Судијата кој беше вмешан во голем скандал ќе им суди на Реал и Баерн!
За натпреварот УЕФА одлучи главен судијата биде словенечкиот арбитар Славко Винчиќ, кој има богато искуство во европските натпреварувања. Тој досега четири пати му судел на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а „кралевите“ славеле во три од тие натпревари.
Единствениот пораз го доживеаја минатата сезона од Милан со 3-1, додека победија против Бенфика со 2-1, Јувентус со 1-0 и Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите пред две години со 2-0.
Винчиќ четири пати судел и на Баерн, при што германскиот гигант има две победи (против Лацио и Леверкузен), едно реми (Интер) и еден пораз (Барселона).
Сепак, зад неговото име и понатаму стои сенка од скандалот од 2020 година. Тој беше уапсен во голема полициска акција кога беше приведен под сомнение за вмешаност во организирана проституција, во случај поврзан со српската старлета Тијана Ајфон, при што беа уапсени уште 34 лица.
Винчиќ бил затекнат во викенд куќа, каде полицијата пронашла девет жени и 26 мажи, а при акцијата биле запленети и кокаин и оружје.