Лион конечно победи во Лига 1 и се врати во трка за ЛШ

Фудбалерите на Лион победија со 2-0 против Лоријан во 29. коло од француската Лига 1, со што ја прекинаа лошата серија.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, Јаремчук го отвори резултатот во 49. минута, а потоа во листата на стрелци се запиша и Толисо.

Лион по 29 одиграни кола се наоѓа на петтата позиција со 51 бод, односно еден поен помалку од четвртопласираниот Марсеј.

Фото: Facebook/Olympique Lyonnais