Бранеше зицери и блескаше на голот - Томовски херој за Битигхајм!

Maкедонскиот репрезентативец, Мартин Томовски одигра уште еден одличен натпревар за тимот на Битигхајм во германската Втора Бундеслига.

Неговиот тим на гостувањето славеше победа од 36-34, а Томовски беше одлучувачки фактор во клучните моменти кога се решаваше победникот.

Средбата на крајот ја заврши со десет интервенции, но посебно важни беа двата зицери при резултат 33-33.

На табелата Битигхајм по 27 кола е лидер со 45 бода, додека зад него следи Белинген со 44.