Алкараз и Синер утре играат за нова титула, но и за првото место
Бидејќи се прв и втор носител на сите турнири, јасно е дека можат да се сретнат само во финалето, па нивната прва пресметка ќе биде во мечот за трофејот на Мастерсот во Монте Карло. Утрешниот дуел во Монако ќе има двојно значење бидејќи покрај за трофејот, двајцата ќе се борат и за првото место на АТП листата.
До моментов, на АТП листата во живо, Алкараз има 190 бода предност и ако утре победи ќе се одлепи на +640 што би можело да му донесе уште две недели на врвот бидејќи на турнирот во Барселона идната недела ќе брани „само“ 330 бода и евентуална титула и таму ќе му донесе нови бодови. Од друга страна, Синерсо победа ќе го скокне на врвот и ќе влезе во серија од четири титули на Мастерс турнирите.
Но, дури и да не победи утре, прашање е само на време кога Синер ќе се искачи на првото место бидејќи до 15 мај не брани ништо, за разлика од Алкараз кој брани уште 1.330 бода.